За Нас
Повеќе од две децении, со најразличен алат од хоби до професионален, некогаш по дома, некогаш на работа, она што започна како хоби премина во страст за правилно извршување и завршување на работите, од разно разни корекции па се до сериозни проекти. Секоја поправка раскажува по некоја приказна: рани утра, незгодни инсталации, комплицирани системи на кои им треба повеќе од брза поправка или монтажа. Овој проект го започнавме без план, без некоја посебна идеа. Оваа година решивме нешто да смениме, не бизнисот, туку начинот на кој гледаме на него. По повеќе години труд, разни поправки и проекти, сфативме дека заслужува душа, вистинска цел зад секоја работа што ја вршиме. Не заради изглед, туку заради тоа што навистина го правиме.
Зошто да го изберете DHausmajstor
Кога нешто треба да се поправи, монтира или среди, сакате некој кој ќе дојде навреме и ќе ја заврши работата како што треба. DHausmajstor е тука да ви излезе во пресрет за секоја ситуација во вашиот дом или деловен простор. Пред да започнеме, знаете што добивате и што да очекувате. Без непотребни изненадувања.
Што велат нашите клиенти
Зебра завеси
Дхаусмајстор навистина нуди врвна услуга. Тимот беше точен, брз и многу внимателен при монтажата. Резултатот е модерен и функционален изглед кој совршено одговара на нашиот ентериер. Топло ги препорачуваме.”
Тони Волкановски
Опшивки за прозори
За време на реновирањето на станот баравме опишивки за прозорците и добивме одлична препорака за Дхаусмајстор. Тимот беше професионален од почеток до крај, а конечниот резултат изгледа фантастично. Топло ги препорачуваме
Ангела Јанева
Контрола на пристап
Баравме практично и модерно решение за новореновираната канцеларија и добивме одличен резултат. Брза комуникација, фер цена и врвна монтажа. Просторот изгледа многу помодерно и попрофесионално
Елена Димитриевска
Плисе комарници
Презадоволни сме од резултатот. Производите изгледаат премиум, а целиот процес од мерење до монтажа беше организиран професионално. Нашиот дом доби сосема нов изглед благодарение на Дхаусмајстор
Мите Ристовски
Монтажа на клима
Одлична услуга, точност и професионалност. Монтажата беше направена со внимание на деталите, а тимот даде и корисни совети за користење и одржување на климата.
+389 78 849 574
info@dhausmajstor.mk
Закажете термин