ЧПП (Често поставувани прашања)

DHausmajstor решение за секој проблем во вашиот дом, без стрес и чекање, нудиме комплетни услуги за сите видови поправки и реновирања, брзо квалитетно и без компликации. Без разлика дали станува збор за мал дефект или поголем проект, нашиот искусен тим е подготвен да го реши проблемот ефикасно и професионално. Работиме со внимание на деталите, користиме квалитетни материјали и гарантираме сигурност во секоја услуга. Нашата цел е едноставна да ви заштедиме време, нерви и непотребни трошоци.

Прашања за услугите што ги нудиме

Да, работиме и со приватни и со деловни клиенти. Изведуваме услуги за станови, куќи, канцеларии, продавници и други комерцијални простории. Секој проект го третираме индивидуално и нудиме решение според потребите на клиентот.

Да, нудиме итни интервенции во зависност од нашата моментална достапност. Се трудиме да реагираме што е можно побрзо кога станува збор за проблеми кои бараат итно решавање, особено кај електрика или водовод.

Да, по потреба излегуваме на лице место за да направиме детална проценка. Ова ни помага да дадеме точно решение и реална понуда според состојбата и обемот на работата.

Да, работиме со проверена и квалитетна опрема од реномирани производители. Нашата цел е да обезбедиме долготрајни и сигурни решенија кои ќе функционираат без проблеми.

Цените зависат од видот на услугата и сложеноста на работата. По проценката секогаш даваме јасна и транспарентна понуда без скриени трошоци, за клиентот да знае точно што добива.

Да, нудиме поддршка и сервис и по завршување на работата. Доколку има било какви проблеми или потреба од доработка, нашиот тим е достапен за помош.

Да, нудиме соработка со стручен архитект кој може да помогне при проектирање, планирање и изработка на решенија за реновирање или нови објекти. Ова овозможува секој проект да биде добро осмислен и технички правилно изведен.

Да, при поголеми и посложени проекти соработуваме со архитект за да се обезбеди правилно планирање, функционален дизајн и оптимално искористување на просторот. Клиентите добиваат целосно решение од идеја до реализација.

Прашања за ролетни и комарници

Да, изработуваме и монтираме ролетни, венецијанер ролетни( исо, стандард дрвен), зебра завеси (стандард и мини) , Роло (стандард и мини), Комарници (тенок, плисе, роло,фиксен, лизгачки шибер) и Вариолајт   за станбени и деловни објекти. Нудиме решенија по мерка, со различни материјали и системи, зависно од потребите на клиентот.

Да, нудиме и монтажа на автоматски ролетни со моторен систем. Овозможуваме контрола преку прекинувач, далечински управувач или паметни системи за поголема удобност и безбедност.

Да, сите ролетни и комарници можат да се изработат по точни димензии според вашиот простор. Ова обезбедува совршена монтажа и подобра функционалност и изолација.

Да, квалитетните ролетни помагаат во подобра топлинска и звучна изолација, што придонесува за поудобен дом и намалување на потрошувачка на енергија.

Да, нудиме повеќе опции за бои и дизајни за да се усогласат со изгледот на вашиот дом или деловен простор. Целта е да добиете функционално и естетски пријатно решение.

Да, може да добиете фактура, сметка сите услуги ќе бидат со пресметан ДДВ и вкупен износ.

Можете да извршите плаќање со фактурата во банка како физичко или правно лице или доколку е за фирма, а исто таке може да ви направиме и линк за онлајн плаќање на alarmplus.mk

Не најдовте одговор? Поставете прашање.